Пакет за пензионери со животно осигурување

Пакет за пензионери 

Нов кредит за пензионери од АЛТА банка: Отплата до 80 години старост со животно осигурување целосно на трошок на банката!

1. Потрошувачки кредит 
2. Дебитна картичка од брендот Visa/MasterCard 
3. Кредитна картичка од брендот Visa/MasterCard Standard со лимит од најмалку 1 пензија, а најмногу до 2 пензии
4. Дозволено пречекорување по платежна сметка со лимит од најмалку 1 пензија, а најмногу до 2 пензии


Карактеристики

Нов кредит за пензионери од АЛТА банка: Отплата до 80 години старост со животно осигурување целосно на трошок на банката!

Пакетот се состои од: кредит, кредитна картичка, дозволен лимит по платежна сметка и дебитна картичка

Наведените услови важат единствено доколку се искористат сите наведени производи од пакетот

Намена:

1/ненаменски - средствата се префрлуваат на платежна сметка на корисникот

2/наменски - средствата се користат за затварање на постоечки обврски во Банката или други банки (30% од износот може да се искористи ненаменски)

МАКСИМАЛЕН ИЗНОС: 

до 600.000,00 МКД кредит

  • Кредитна картичка Mastercard standard согласно кредитна способност на барателот, лимит  до 2 (две) пензија 
  • Дозволено пречекорување по платежна сметка - до 2 месечни пензии 

РОК НА ВРАЌАЊЕ

до 120 месеци

НАДОМЕСТОЦИ:

Трошок за аплицирање на кредит - 1,000,00 МКД

Провизија за одобрен кредит:

  • 2.000,00 МКД - за ненаменски кредити и за пакет со колективно осигурување за пенизонери
    0% - за рефинансирање од банката или од други банки

 Кредитна картичка Mastercard standard:

  • Трошок за издавање на картичката - 300,00 ден
  • Минимален месечен износ за плаќање - 1% од вкупната вредност на направените трансакции + 100% од сите надоместоци, провизии, редовни и затезни камати - Mastercard standard

Дозволено пречекорување на платежна сметка

  • Административен трошок за одобрување на дозволено пречекорување на сметка - 300,00 ден

Без трошок за ризико животно осигурување: целосно покриено од банката за целиот период на отплата.

Услови

  • ДСТИ показател не поголем од 50%
  • *За сите баратели кои имаат ДСТИ показател над 33%, а немаат имот на свое име, потребно е задолжително вклучување на една од наведените опции:
    - Кокредитобарател, за ДСТИ показателот да изнесува до 33%;
    - Авалист/ Гарант платец со имот на свое име;
    - Жирант на кредит со ДСТИ показател до 50%
  • старосна граница - максимум 80 години на денот на достасување на кредитот

ИНСТРУМЕНТИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ *:

до 600.000,00 ден - меница и менична изјава, со авалист
колективно осигурување

Каматни стапки

Каматна стапка:   


Со колективно осигурување
Период на фиксна каматна стапка
до 120 месеци
Пакет 7.50%

 *Врз висината на СВТ влијае износот и рокот на враќање на кредитот, висината на номиналната каматна стапка и износот на сите трошоци за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ 

Останато

Пензијата е задолжително да се прима на платежна сметка во Банката или да се префрли преку Банката во рок од 45 дена од датумот на Договорот за кредит