Управен одбор

Александра Радевска

Член на Управниот одбор
м-р Александра Радевска

Александра Радевска по професија е дипломиран економист од областа сметководство и ревизија. Вo 2002 година се здобива со високо образование на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. По завршување на додипломските студии, во септември 2010 година на Институтот за овластени ревизори на Република Северна Македонија стекнува уверение за овластен ревизор. Во јуни 2011 година ги завршува  постдипломските студии, исто така на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во  Скопје и ја стекнува титулата магистeр по економски науки од областа на сметководството и ревизијата.

Од 2013 година, од страна на Советот за унапредување и надзор на ревизијата добива лиценца за вршење на работи на ревизија за овластен ревизор.

По завршувањето на формалниот дел од образованието, во периодот од март 2003 до јуни 2003 година работи на позицијата асистент за ревизија во Друштвото за ревизија „Б и Љ Ревизија“ ДОО Скопје. Од октомври 2003 година до декември 2009 година работи на повеќе работни позиции: од асистент до шеф на ревизија во Друштвото за ревизија „КПМГ Македонија“ ДОО Скопје.

Понатаму своето професионално искуство го гради на позицијата менаџер за ревизија во Друштвото за ревизија „Грант Торнтон“ ДОО Скопје. На оваа позиција работи од декември 2009 година до март 2012 година.

Во периодот од март 2012 година до март 2019 година работи на позиција раководител на Сектор за ревизија во „Орка холдинг“ АД Скопје.

Од март 2019 година ја извршува функцијата директор на Сектор за финансии и сметководствени работи во „Орка холдинг“ АД Скопје.

Александра Радевска, покрај нејзиниот работен ангажман, од април 2013 година ја врши функцијата член на Надзорен одбор на Стопанска банка а.д. Битола, а од септември 2019 година е член и претседател на Одборот за ревизија на Банката.

Александра Радевска ја извршува функцијата член на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола во неколку мандати од април 2013 година до јуни 2023 година.

Од јуни 2023 година, Александра Радевска е член на Управниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола, а под нејзина одговорност се следниве сектори: Сектор за управување со ризик, Сектор за финансии, Сектор за контрола на усогласеност на Банката со прописите и спречување перење пари и финансирање тероризам, Сектор за управување со инвестиции и имот и Сектор за правни работи и решавање проблематични пласмани.

На ден 9.11.2023 година со одлука на Надзорен Одбор бр. 02-15514/1/I-9 г-ѓа Александра Радевска е именувана за претседател и член на Управен одбор.

Информации за контакт: 

тел: (02) 30 87 251

info@altabanka.com.mk

Зарије Коралијa

Член на Управниот одбор
м-р Зарије Коралија



Зарије Коралија во март 2026 година е именуван за член на Управниот одбор на Алта Банка АД Битола, задолжен за развој на пазарот, односно за работењето со физички и правни лица, како и за маркетинг активностите на банката.

Во Алта Банка доаѓа од Белград, каде што ја извршувал функцијата директор на Секторот за управување со продажба и поддршка на физички, микро и агро клиенти, раководејќи комплексни организациски системи и активно учествувајќи во развојот на продажната мрежа на банката.

Во рамките на Алта Групацијата во Белград има извршувано високи менаџерски позиции, меѓу кои директор на продажба во Алта Пеј – институција за електронски пари и лидер на пазарот на платежни услуги во Србија, како и генерален директор на ЕКИ Пеј ДОО, агент за Western Union услуги за пазарите во Србија и Црна Гора.

Својата професионална кариера ја започнал во 2006 година во Еуробанк, а понатаму напредувал од раководител на експозитури во КБЦ Банка до директор на регион во Комерцијална банка АД Белград, каде успешно управувал со големи тимови и развиени продажни мрежи.

Поседува значајна експертиза во управување и мотивација на продажни тимови, развој на деловна мрежа и постигнување врвни деловни резултати.

Дипломиран е инженер по организациски науки, со магистерски студии на Факултетот за организациски науки при Универзитетот во Белград.

Стефан Николиќ

Член на Управниот одбор
м-р Стефан Николиќ

М-р Стефан Николиќ во мај 2026 година е именуван за член на Управниот одбор на Алта Банка АД Битола одговорен за оперативно работење на Банката.

Под негова директна надлежност се целокупните операции на Банката изразени преку стратешките столбови како платни системи во земјата и странство, картичното работење, каналите на продажба, мобилното и дигитално банкарство и кредитно и депозитно администрирање, како и организација и развој, информациона технологија и инвестиции и имот на Банката. 

Својата професионална кариера ја гради низ клучни раководни позиции во банкарскиот сектор, меѓународни компании и финансиски институции во Македонија.

Дипломира во 2006 година на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, каде во 2011 година се здобива и со титулата магистер по економски науки од областа на Монетарната економија. Својата стручност ја надградува преку специјализирани обуки во повеќе европски земји од областа на финансиите, корпоративното управување, управување со ризици и платни решенија, при што, својата експертиза редовно ја пренесува како гостин предавач на повеќе високо образовни институции во нашата земја.

Добитник е на престижното меѓународно признание Business Elite “40 under 40” за најуспешен менаџер во Југоисточна Европа за 2021 година.

Неговото богато професионално портфолио вклучува повеќе од 12 години искуство во Стопанска Банка АД Скопје меѓудругото и на позициите Директор за управување со ризици и Менаџер за оперативен ризик, како и искуство во Министерството за Финансии на РС Македонија, но и искуство во Управни одбори на Финансиски групации и компании.

Пред доаѓањето во АЛТА Банка, Николиќ успешно раководи со водечки финтек компании во регионот како Главен извршен директор и Главен оперативен директор од Флекс Група, групација во која беше и член на Управниот одбор на повеќе финансиски компании, каде покрај стратешкото управување беше фокусиран и на оптимизација и автоматизација на процеси како и на дигитални плаќања и финансиски технологии.

Со својот фокус кон иновации и дигитална трансформација, м-р Николиќ ќе придонесе кон зајакнување на корпоративното управување и прилагодување на Алта Банка кон современите пазарни и регулаторни предизвици.