Инструменти за обезбедување:
- до 900.000,00 ден.- Меница и менична изјава и административна забрана на плата од кредитобарателот. (Доколку политика на работодавачот е да не заверува административна забрана тогаш е потребна Потврда за работен однос)
- над 900.001,00 ден до 2.500.000,00 ден - задолжителна солемнизација на договор за кредит со вклучени извршни клаузули со имот на свое име. Доколку корисникот нема имот на свое име, задолжително вклучување на гарант платец со имот.
- за Потрошувачкиот кредит до 1 милион мкд за 1 ден - Меница и менична изјава и административна забрана на плата од кредитобарателот. (Доколку политиката на работодавачот е да не заверува административна забрана НЕМА да се бара солемнизација)
- За износ над 900.000,00 ден кај пакет на производи (вкупна изложеност) ќе биде потребна солемнизација. Максималниот износ на пакет/кредит за потрошувачкиот кредит се однесува на изложеност на ниво на поврзани лица и за кредитот до 1.000.000 ден максималниот износ на кредит се однесува на излозженост на ниво на поврзани лица.
*Банката го задржува правото за да побара дополнително обезбедување авалист, гарант-платец со имот и сл.