Задолжително префрлување на личниот доход преку Банката. За лица кои не ја примаат платата преку АЛТА банка АД Битола, а сакаат да аплицираат за овој продукт мора да достават изјава дека платата ќе ја префрлат преку Банката во рок од 45 дена од датумот на Договорот за кредит. Доколку Банката констатира дека не е испочитувана Изјавата за префрлување на плата во предвидениот рок кредитот може да се прогласи за доспеан, да се направи Анекс кон истиот или да се префрли со највисока важечка каматна стапка за денарски кредити за физички лица, согласно Одлуката за каматни стапки на Банката
- кредитоспособност не поголема од 50% рата/плата
- старосна граница - максимум 64 години на денот на достасување на кредитот
ИНСТРУМЕНТИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ :
-до 1,200.000,00 ден - Меница и менична изјава и административна забрана на плата од кредитобарателот. (Доколку политика на работодавачот е да не заверува административна забрана тогаш е потребна Потврда за работен однос)
- над 1,200.001,00 ден до 2.500.000,00 ден - задолжителна солемнизација на договор за кредит со вклучени извршни клаузули со имот на свое име. Доколку корисникот нема имот на свое име, задолжително вклучување на гарант платец со имот.
- Полиса за ризико животно осигурување винкулирана во корист на Банката.
*Банката го задржува правото за да побара дополнително обезбедување авалист, гарант-платец со имот и сл.