Инструменти на обезбедување:
- до 900.000,00 ден.- Меница и менична изјава и административна забрана на плата од кредитобарателот.(Доколку политика на работодавачот е да не заверува административна забрана , тогаш е потребна Потврда за работен однос и задолжителна солемнизација на договорот за кредит со вклучени извршни клаузули)
- над 900.001,00 ден до 2.000.000,00 ден - задолжителна солемнизација на договор за кредит со вклучени извршни клаузули со имот на свое име. Доколку корисникот нема имот на свое име, задолжително вклучување на гарант платец со имот.
*Банката го задржува правото за да побара дополнително обезбедување авалист, гарант-платец со имот и сл.
Кредитоспособност:
ДСТИ показател не поголем од 50%
- старосна граница - максимум 64 години на денот на достасување на кредитот за редовно вработени
- за лица кои не ја примаат платата преку АЛТА банка АД Битола, а сакаат да аплицираат за овој продукт мора да достават изјава дека платата ќе ја префрлат преку Банката во рок од 45 дена од датумот на Договорот за кредит. Доколку Банката констатира дека не е испочитувана изјавата за префрлување на плата во предвидениот рок кредитот може да се прогласи за доспеан или да се направи Анекс кон истиот, со што ќе се префрли со највисока важечка каматна стапка за денарски кредити за физички лица, согласно Одлуката за каматни стапки на Банката.