За испраќање девизни средства во странство со дознака, потребно е да се достават до Банката следните податоци:
- Име и презиме на лицето или назив на фирмата - корисник на плаќањето
- Точна адреса
- Бројот на сметката или IBAN-бројот
- Името на банката кај која корисникот има сметка
- Адреса на банката или филијалата
- Бројот на филијалата, т.е. Sort Cod, ABA број или BLZ (доколку постои можност)
- SWIFT Cod на банката (кодот е задолжителен)
Банката извршува одливна платежна трансакција во странство доколку плаќачот:
- доставил целосно пополнет и потпишан платен налог за извршување на кредитен трансфер со странство образец 4;
- доставил соодветен документ доколку е предвиден во зависност од видот и основот на трансакцијата согласно законската регулатива или интерните акти на Банката
- обезбедил денарско или девизно покритие кај Банката.
За трансфер од физичко лице – резидент, на сопствена сметка во странска банка, важат правилата според Одлуката за начинот и условите под кои резидентите коишто не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство и нејзините дополненија.