Девизни приливи за физички лица

За примање средства од странство, на испраќачот треба да му ги дадете следниве Ваши податоци:

  1. Име и презиме
  2. Адреса
  3. Број на сметкатаили IBAN-број (можете да го добиете на шалтерите во Банката)
  4. Името на нашата банка: ALTA BANKA AD BITOLA
  5. Адреса на Банката: Dobrivoje Radosavljevik 21
  6. Нашиот SWIFT-кoд: STBBMK22.

Инструкции за примање приливни кредитни трансфери од странство може да добиете на шалтерите на Банката во сите експозитури во земјата.

  1. Домашно физичко лице – резидент

Физичко лице, жител на Република Македонија – резидент, може да прими средства од странство од друго физичко или правно лице, жител на странска земја – нерезидент, во неограничен износ на средства.

Физичко лице, жител на Република Македонија – резидент, може да прими средства од својата сметка во странство, според Одлуката за начинот и условите, под кои резидентите коишто не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство, и според нејзините дополненија.

Банката во согласност со законот, може да побара и валиден документ од кој ќе се види основот на плаќањето, особено ако приливот спаѓа во групата на капитални трансфери.

Корисникот на наплата треба во рок од 5 работни дена, од денот на приемот на известувањето од Банката, да ги достави сите потребни податоци за одобрување на средствата на неговата сметка.