Visa Classic е кредитна картичка со можност за користење во земјата и во странство
VISA Classic е бесконтактна картичка наменета за
Барање за кредитна картичка
Корисни совети за користење на платежни картички
Основни карактеристики
- Картичката Visa Classic овозможуваат плаќање на рати во трговската мрежа во земјата и во странство.
- Користењето на картичката е БЕЗ ПРОВИЗИЈА за плаќање во трговската мрежа во земјата и во странство.
Кредитен лимит
-
До 100.000,00 МКД Согласно кредитна способност на барателот, кредината историја и понуденото обезбедување: |
| до 5 плати - ВИП клиенти |
| до 3 плати - редовно вработени |
| до 2 пензии - за пензионери |
| до 1 месечен приход - за вработени на определено, приматели на технолошки вишок и 3то/4то дете |
Критериуми за добивање картичка
- Лица вработени на неопределено време во јавната администрација или кај други правни лица кои имаат редовна исплата на плата во последните три месеци;
- Лица со самостојни професии кои имаат редовна исплата на плата во Банката;
- Лица кои остваруваат редовен приход од продажба на млеко;
- Пензионери кои ја примаат својата пензија на трансакциска сметка во Банката;
- Пензионери кои своите странски пензии ги примаат на сметки во Банката;
- Лица кои имаат орочени парични средства во Банката;
- Лица кои се корисници на потрошувачки кредит во Банката;
- На лица, кои во согласност со својата кредитна способност остваруваат право на поголем лимит, Банката одобрува парична картичка од брендот Visa Gold.
Камата (во зависност од обезбедувањето):
|
Обезбедување
|
Промотивни услови за сите нови корисници од 01.10.2023 година до 30.06.2024 година:
|
|
меница и менична изјава, административна забрана на плата;
меница и менична изјава, административна забрана на плата и 1 жирант
|
0% фиксна каматна стапка до 31.12.2023 година. -7,5% фиксна каматна стапка до 31.12.2024 година -По истек на фиксниот период, променлива каматна стапка (составена од Референтна стапка за пресметување на стапката на казнена камата + 3,50 п.п.).
|
|
меница и менична изјава, административна забрана на плата;
меница и менична изјава, административна забрана на плата и 2 жиранти
|
|
најмалку 100% наменски орочен каматен или бескаматен денарски/девизен депозит
|
ФИКСНА 3 п.п. над каматната стапка на депозитот
|
Минимален месечен износ на плаќање
5% од вкупниот долг + пресметана камата
(Каматна стапка се пресметува на искористениот износ од одобрениот лимит од страна на Банката и тоа :
• За подигната готовина и провизии од денот на подигнување на готовината и задолжување на провизиите
• За безготовиснки трансакции од 11-ти наредниот месец)
Годишно членство
- Visa Classic - без надомест наредната година за реализиран промет над 100.000 ден. годишно;
- Visa Classic - 1500 мкд. - Годишна членарина за издавање на основна картичка (првата година без членарина).
Дополнителна картичка
- Visa Classic - без надомест, за реализиран промет над 100.000 ден. годишно;
- Visa Classic - 600 денари, членарина во зависност од висината на направениот промет со картичката.
Подигање на готовина на АТМ (банкомат)
- Visa Classic од банкоматите на Банката – 2,5%, минимум – 200 денари, од банкоматите на друга банка во земјата и во странство 3%, минимум – 300денари;
- Подигање на готовина на ПОС-терминал;
- Visa Classic на ПОС-терминал на шалтерите на Банката – 3%, минимум – 200 денари, на шалтерите на друга банка - 3%, минимум – 300 денари.
Проверка на состојба на банкомат
- Проверка на состојба на ATM (банкомат) на Банката - 20,00 ден.
- Проверка на состојба на ATM (банкомат) на друга Банка - 40,00 ден.
Месечен извештаj
- Бесплатен месечен извод –доставен на e-пошта;
- Надомест за доставување извод по пошта 100 денари.
ПИН-код
- За подигање готовина на банкомат, како и за плаќање во трговијата задолжително се користи ПИН-кодот (се добива во затворен плик заедно со картичката). Доколку ПИН-кодот се внесе погрешно три пати, картичката по автоматизам се блокира.
- Услови за одобрување на кредитни картички
1. Лица кои оствaруваат редовни месечни примања од плата/пензија:
- Лично пополнето барање за добивање на Visa Classic, потпишано од клиентот;
- Меница потпишана од барателот;
- Менична изјава потпишана од барателот;
- Административна забрана заверена од работодавецот;
- Потпишан траен налог.
2. Лица кои остваруваат редовни месечни примања по основ на плата, но платата не ја примаат преку Банката:
- Лично пополнето барање за добивање на Visa Classic, потпишано од клиентот;
- Меница потпишана од барателот и еден кредитоспособен жирант;
- Менична изјава потпишана од барателот;
3. За лимит обезбеден со паричен депозит:
- Лично пополнето барање за добивање на Visa Classic, потпишано од клиентот;
- Денарски или девизен паричен депозит во Банката;
- Согласност за блокирање на паричен депозит;
- Договор за обезбедување на парично побарување.
Губење или кражба на картичка
- Во случај на губење или кражба на картичката истата можете да ја блокирате во контакт центарот Касис секој ден во неделата (24/7), на следниот телефонски број + 389 02 3293888