Акционерско Собрание 27.05.2026

ЈАВЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ НА БАНКАТА

 Врз основа на член 48 и член 49 од Статутот на АЛТА банка АД Битола, СО бр. 02-15004/1/II.2 oд 12.12.2025 година (пречистен текст), и Одлуката на Надзорниот одбор на АЛТА банка АД Битола за свикување седница на годишно собрание на акционери, НО бр.02- 6233/1/II.1-5 од 22.4.2026 година,

 

АЛТА банка АД БИТОЛА

ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА БАНКАТА ОБЈАВУВА

 

Ј А В Е Н   П О В И К

 

ЗА УЧЕСТВО НА ГОДИШНО СОБРАНИЕ

НА АКЦИОНЕРИ НА БАНКАТА

 

         57-мата седница на годишното Собрание на акционери на АЛТА банка АД Битола ќе се одржи во Битола на 27.5.2026 година (среда) со почеток во 11:00 часот во седиштето на АЛТА банка АД Битола, ул. „Добривоје Радосавлевиќ“  бр. 21, сала за состаноци на III кат, со следниот:

           

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

I. Процедурален дел

  1. Отворање на Собранието
  2. Избор на работни тела

      2.1. Избор на претседавач

      2.2 Избор на двајца бројачи на гласови

  1. Констатирање кворум за работа на Собранието

II Работен дел

  1. Разгледување на записникот од 56. седница на Собранието на акционери, одржана на 27.2.2026 година.
  2. Годишен извештај за работењето на АЛТА банка АД Битола во 2025 година, со прилози:
  3. Извештај за извршената ревизија на финансиските извештаи на АЛТА банка АД Битола за 2025 година согласно регулативата на НБРСМ со мислење на Друштвото за ревизија Мур Стивенс ДОО Скопје, со прилози:
  4. Годишната сметка на АЛТА банка АД Битола за 2025 година, со прилог:
  5. Предлог-Одлука за употреба и распоредување на остварената добивка по годишната сметка за 2025 година на АЛТА банка АД Битола
  6. Извештај за работата на Надзорниот одбор на АЛТА банка АД Битола за 2025 година, со вклучена оцена од аспект на поединечните членови и колективно, со прилог:
  7. Извештај за оценка на ефективноста и ефикасноста во работењето на Управниот одбор АЛТА банка АД Битола за 2025 година, од аспект на поединешни членови и колективно, со прилог:

Се повикуваат акционерите да го пријават своето учество на Собранието.

 

Секој акционер што има намера да учествува на годишното Собрание на Банката е должен да го пријави своето учество (пријава за учество на Собрание) најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното Собрание.

Пријавите да се достават во Банката до Дирекција за управување со Кабинетот на Управниот одбор.

Собранието ќе одлучува само за прашањата кои се уредно ставени на дневниот ред во согласност со Статутот на Банката и со Законот за трговски друштва.

Гласањето по точките од дневниот ред ќе се одвива во согласност со Статутот и со Законот за трговски друштва.

Секој акционер може да овласти свој полномошник со писмено полномошно, за што е должен да ја извести Банката писмено или електронски. Податоците за начинот на испраќање на известувањата за полномоштва и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет-страница на Банката www.altabanka.com.mk.

Во согласност со Законот за трговски друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5 % од вкупниот број акции со право на глас, можат да предложат дополнување на дневниот ред со барање за вклучување нови точки ако истовремено приложат и образложение за предложената точка за дополнување на дневниот ред или ако предложат одлука по предложената точка.

Акционерите можат да достават предлози за вклучување нови точки во дневниот ред, предлози на одлуки и прашања до органот на управување на друштвото во рок од 8 (осум) дена од денот кога е објавен Јавниот повик за одржување на седницата на Собранието на акционери на Банката, односно најдоцна до 1.5.2026 година до 16:00 часот. Подетални информации за постапката за доставување предлози и прашања можат да се најдат на официјалната интернет-страница на Банката: www.altabanka.com.mk

 

Материјалите за Собранието на Банката и дополнителни информации во согласност со Законот за трговски друштва им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик секој работен ден во просториите на АЛТА банка АД Битола (трети кат, Централа на Банката), ул. „Добривоје Радосављевиќ“ бр. 21, Битола, како и на интернет-страницата на Банката www.altabanka.com.mk

           

 

                                                                       

АЛТА банка АД Битола

ВКУПЕН БРОЈ НА АКЦИИ И ВКУПЕН БРОЈ НА ГЛАСАЧКИ ПРАВА

ПРЕДЛОЗИ ОД АКЦИОНЕРИ ПО ПРЕДЛОЖЕНИ ТОЧКИ

ВКЛУЧУВАЊЕ НА НОВИ ТОЧКИ ВО ДНЕВНИОТ РЕД

ПРАШАЊА ВО ВРСКА СО ТОЧКИТЕ ОД ДНЕВНИОТ РЕД

ОВЛАСТУВАЊЕ НА ПОЛНОМОШНИК НА АКЦИОНЕР НА СОБРАНИЕ

Акционерите на Банката можат да овластат со полномошно друго физичко или правно лице како свој полномошник на седницата на Собранието.

Полномошното се издава во писмена форма со пополнување на образецот за гласање преку полномошник, кој е достапен за преземање од интернет-страницата на Банката (Полномошно за правни лицаИзвестувањеПолномошно за физички лицаИзвестувањеПример за полномошно).

Во случај акционерот од која било причина да не може да го преземе образецот за давање полномошно од интернет-страницата на Банката, истиот може да користи и други видови обрасци за давање полномошно во писмена форма.

Акционерите се обврзани веднаш да ја известат Банката за секое полномошно дадено во писмена форма со достава на копија од пополнетиот образец на еден од следните начини:

- по електронски пат на адреса info@altabanka.com.mk кога се доставува копија во скенирана форма.

- по писмен пат на адреса:   

АЛТА банка АД. БИТОЛА

„Добривоје Радосављевиќ“ 21

7000 Битола

Управен одбор

Со назнака „за 57. седница на Собрание на АЛТА банка АД Битола“.

Банката може да бара утврдување на личниот идентитет на акционерот како услов за уважување на полномошното, односно за верификација на инструкциите за гласање ако такви му се дадени на полномошникот.

Полномошникот е должен при евиденција на своето присуство на седница на Собранието да го предаде полномошното во писмена форма во оригинал и да презентира документ за идентификација  -  лична карта или пасош.

За полномошници на Собранието можат да бидат овластени лица кај кои има конфликт на интерес само под услов ако истите

- претходно им обелодениле на акционерите дека кај нив има конфиликт на интерес и

- добиле конкретни инструкции за гласање во писмена форма од акционерите од кои се овластени да бидат нивни полномошници за секоја предложена одлука за гласање по точките на дневниот ред на седницата на Собранието за која им важи полномошното.

Банката на својата интернет-страница го објавува идентитетот на назначените полномошници кај кои постои конфликт на интерес, како и причините за постоење конфликт на интерес кај полномошниците.

 

ЗАПИСНИК ОД СОБРАНИЕ

ПРАШАЛНИК ЗА КОДЕКС ЗА КОРПОРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ НА КОТИРАНИ АКЦИОНЕРСКИ ДРУШТВА НА МАКЕДОНСКА БЕРЗА